МАНЧЕВСКИ БАРА СИТЕ РОДНИНИ НА ФУНКЦИОНЕРИ ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ ОД ПОЗИЦИИТЕ
Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски денеска изјави дека роднините на функционерите и од власта и од опозицијата треба да се повлечат од своите работни места што ги добиле како резултат на влијанието на нивните блиски, јавува Тв 21. Манчевски рече дека непотизмот имал влијание уште кога СДСМ биле во опозиција и дека тие тогаш како партија алармирале за ова иако јавноста не била информирана како сега. Тој вети дека ќе се менува начинот на кој се бираат луѓе на раководни функции во јавната администрација.
