В. ЦВЕТАНОВ: СО ЈОВО ПРЕВАРА КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВРХОВЕН СУД НЕМА НИ ПРАВДА НИ МИР
Штом и Прибе крева раменици, не знае до кај е процесот на реформи во делот на владеење на правото, или народски кажано, до каде е со враќање на правдата без која немаше и мир, што да кажат граѓаните кои ја чекаат таа правда?
Исто така Прибе вели дека ваквите процеси и порано се одвивале бавно…
Ако се нема систем за исправање на старите неправдини, а немаме систем кој генерира правда и во овие времиња, нужно е, Владата да започне да размислува за нови концепти за длабински реформи, кои ќе ги предложи до Собрание на РМ.
Со фино и арно кон Судиите и Обвинителите ги гледаме резултатите, не оди така со нив…
Редно е да се започне да се размислува за темелни реформи во Правосудството.
Со Јово Превара како Претседател на Врховен Суд нема ни правда ни мир!
Истото важи и за анемичниот Јавен Обвинител, кој до денес не направи НИТУ ЕДНО КОМИСИСКО ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА ОБВИНИТЕЛЕН АКТ од монтираните случаи!
Сите се однесуваат како да немаше режим.
А жално е што се дозволува на соучесниците на Груевски да ја нарекуваат оваа Влада како режим…
Оваа Влада е далеку од режим.
И имам замерка што е претолерантна и спора во корнење на каблите од режимот.
Да беше маааалце поостра, ни на сон немаше да им падне на ум на врхушката на ДПМНЕ да ја нарекува Владата како режим.
Со отварање на постапки за секој од милионерите околу Грујо, ќе се криеја по дупки. Немаше да се силат по пресови и да клеветат со лаги.
Преголемата демократичност ќе ни се удри од глава, ќе си останеме обесправени и фрлени во заборав, социјално убиени, а кога ќе се вратат некогаш на власт Мицко и пријателите на Грујо, пак ќе не апсат нас, оти многу сме збореле. За тоа не апсеа и претходно, за зборење….
Е сега, на ваква ситуација, што да прави и самиот Прибе, освен да крева раменици?
Господ нека ни е напомош…, напиша на својот профил поранешниот директор на Агенцијата за спречување перење на пари, Ване Цветанов.

