| |

Целото семејство на македонската министерка Божиновска се бугарски државјани

Целото семејство на македонската министерка за енергетика Сања Божиновска има бугарско државјанство, објави БГНЕС.

Таткото Перо, мајката Виолета и братот Даниел, како и самата Божиновска се носители на бугарски пасош, велат за агенцијата БГНЕС извори од Министерството за правда на Бугарија.

За да го добијат документот, тие ги докажале своите бугарски корени и ја декларирале својата бугарска самосвест.

Божиновска неколку пати ги излажа македонските граѓани дека повеќе не е бугарска државјанка. Министерката од Владата на Христијан Мицкоски во септември годинава поднела барање за отпуст од државјанство, но не добила указ за тоа.

Поднесувањето барање за ослободување од бугарско државјанство НЕ води до автоматско завршување на постапката. Тоа се прави преку посебен декрет и важи и за сегашните бугарски државјани родени во странство и за Бугарите кои се родени на територијата на денешна Бугарија.

За конкретното лице (Божиновска) до денес не е издаден указ за ослободување од државјанство. Издавањето на таков се врши по темелна проверка за секаков вид на обврски на барателот. Потврдата, вклучително и данокот и имотот, се однесува на сите земји каде што престојувало лицето. Надлежните институции проверуваат и за можни кривични постапки.

Доколку на Божиновска и треба правна или друга помош, може да се обрати до бугарската амбасада во Скопје, која е должна да и пружи помош, стои во материјалот на БГНЕС.

Слични Објави