КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФФМ ЃОРЃИОСКИ ЗА ЗАТАЈУВАЊЕ ДАНОК
Управата за финансиска полиција до скопското обвинителство поднесе кривични пријави против експретседателот на Фудбалската федерација на Македонија, (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски под сомнение за затајување данок во износ од над 1,6 милиони денари. Според информациите на Финансовата полиција, тој свесно прикажал лажни и невистинити податоци во завршната сметка за 2017 година која ја поднел во УЈП и во Централниот регистар.
