Избори за парламент во Бугарија: Излезеноста во 8 часот е 1 %, еве каде и како може да се гласа во РС Македонија
Излезноста на гласачите во 08:00 часот е 1%, покажуваат податоците на анкетната агенција Маркет Линкс, јавува Фактор.
Потсетуваме, на денешниот изборен ден, на кој ќе биде утврден составот на 51-то Народно собрание, се гласа во 12.879 секции, вклучително и мобилните гласачки кутии за лицата со посебни потреби, во болниците, домовите за стари лица, во притворите и затворите.
Избирачкото право можеме да го оствариме до 20:00 часот. Доколку во овој момент се уште има гласачи кои чекаат пред гласачките места, тие ќе можат да гласаат, но најдоцна до 21:00 часот.
Во РС Македонија државјаните на Република Бугарија можат да го остварат своето право на глас во Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, Генералното конзулство во Битола и во градовите Кавадарци, Прилеп и Струмица. Може да се гласа со важечки лична карта или пасош. Граѓаните што не се пријавиле да гласат online треба да поднесат декларација што се пополнува на лице место пред самото гласање.

