| |

Судењето против Владимир Талески одложено за 21 февруари

Судењето против поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, беше одложено за 21 февруари, јавува локалниот битолски портал „Шеталиште“. Причината за одложувањето е тоа што Апелациониот суд сè уште не одговорил на поднесена жалба во овој предмет. Поранешниот градоначалник на Битола заедно со уште 20-тина лица е  обвинет за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.



Слични Објави