(Видео) Златев во „Коридор 8“: Антибугарската пропаганда во Македонија се води повеќе од 100 години
Синоќа во македонско-бугарскиот подкаст „Коридор 8“ гостуваше познатиот македонски новинар Љупчо Златев, сопственик и главен редактор на новинарскиот сајт „Лидер“ и радио „Лидер“.
Беа отворени повеќе теми на релација Бугарија-РС Македонија, од најновите случувања со ТОЕФЛ сертификатот на директорот на АНБ Бојан Христовски, бугарскиот пасош на министерката Сања Божиновска и последната техничка средба во Софија за транспортниот Коридор 8, до за што се бореле и како се изјаснувале македонските револуционери начело со Гоце Делчев.
Има ли врска бугарското МНР во случајот со Бојан Христовски? Навистина ли сите Македонци аплицираат за бугарски пасоши „од економски причини“, како што тврди министерката Божиновска? Колку стара е антибугарската пропаганда во Македонија? Се хистеризира ли самото постоење на Бугарите во РС Македонија? За што се борел и каков бил Гоце Делчев, борбата на Тодор Александров и Иван Михајлов за независна Македонија? Колку партизани имало во Македонија? Изборите во Америка… Тоа се некои од темите што беа отворени во синоќешната емисија.
Што кажаа гостинот и домаќините на подкастот погледнете во видеото што следи:
