(Видео) Поплавите во Шпанија не стивнуваат: на удар уште еден град, автомобилите целосно уништени
Нови поплави го погодија регионот на Жирона во североисточна Шпанија, однесоа околу 30 автомобили во градот Кадакес, јавуваат шпанските медиуми.
Снимката објавена од локален новинар покажува порој вода што блика по улицата и куп автомобили кои го блокираат мостот во петокот рано наутро.
Cadaqués Girona Spain 08.11.2024#rain #flood #breaking pic.twitter.com/EQwttKh5GU — EUROPE.STORM (@worldstormm) November 8, 2024
За среќа, нема жртви, а нема повредени или заробени, пренесуваа локални медиуми. Во тој регион во текот на ноќта се очекува потенцијално поопасно време.
Повеќе од 200 луѓе загинаа минатата недела, повеќето во регионот на Валенсија, во една од најтешките поплави во Европа овој век.
Катастрофата предизвика силен гнев кај властите поради тоа што претходно не издале итни предупредувања.
Каталонската метеоролошка служба издаде предупредување за дожд од петок навечер до сабота попладне за областа Алт Емпорда, каде што се наоѓа Кадакеш. Метеоролошката агенција предупреди дека интензитетот на дождот може да надмине 20 милиметри за 30 минути.
На 7 и 8 ноември агенцијата забележала 76,8 мм дожд во Кадакеш, додека повеќе од 100 мм паднале во два други околни града.
Во Шпанија од 1 октомври до 5 ноември имало 72 отсто повеќе врнежи од нормалната вредност за тој временски период, соопшти шпанската метеоролошка агенција Аемет.
Текстот (Видео) Поплавите во Шпанија не стивнуваат: на удар уште еден град, автомобилите целосно уништени е превземен од МАКФАКС.

