Гласот на мртвите момчиња
Пишува: Ели Секуловска
На само дваесеттина метри од спротивната страна на уличката каде што се наоѓа бугарскиот клуб „Иван Михајлов“, со кого сега стопанисува здружението “Една роза” во Битола, додека пак истиот предизвика лавина од рекации во македонското општество, немо сведочи една друга куќа, поранешниот пионерски дом “Трајче Магловски”!
Но, никој досега не ме прашал ниту мене и ниту останатите малубројни граѓани на Битола какво чувство кај нас предизвикува токму тој поранешен пионерски дом!
Имено, во таа куќа се наоѓаше удбашкатa полициска станица во која, под налетот на најсилниот бран на апсења од 1944 до 1953 година, таму завршија животите на многу млади момчиња, некои се уште голобради, некои со навршени само 18 години, а некои немаа ни толку !
Оваа колумна им ја посветувам токму нив!

За главната куќа на УДБа, во која беа затворени баба ми, дедо ми, најмладиот ни близок роднина Петар и Павел Шатев во исто време, пишував во една колумна која беше пренесена од повеќе електронски медиуми. Но, за полициската станица во која беше затворен братот на дедо ми и ставен во безвоздушна ќелија, како и за страданијата на уште многу други млади момчиња сите судени како ВМ ( Ванчо Михајловисти, Бугараши , народни непријатели и други монтирани глупости) ,ќе пишувам сега!
Затоа што тоа им го должам!
Затоа што им ветив дека еден ден ќе ја кажам целата вистина!
А тие млади момчиња беа цветот на македонската интелигенција.
Тукушто расцутен.
И кога со перото во рака се доближувам до планината на стотиците страданија, ме фаќа страв, почит, згрозување! Перото ми трепери во раката, а моите усни не се способни за ништо друго, освен за јачење! Но, со јачење не се пишува. Ниту со празнина а la Коцарев, ниту со евтината паланечка хистеризација а la историчарите.од Институтот за национална историја!
Моето перо секогаш ги допира крајните и моќни проблеми, но ако не допрев до нив, сигурно ќе залутав некаде во лагата, во полуживотот, во сенката на мракот кој упорно се покрива со слаба газиена ламба која наскоро ќе им згасне
Над 20 години ја истражувам проблематиката за жртвите на југословенскиот комунизам. „Црната книга на комунизмот“ вели дека само во Југославија, УДБа апсеше деца. И да, тоа е точно.
Да се истражува, да се разговара со преживеаните жртви на УДБа, беше страшно деликатен процес.Тоа не изгледаше како обично новинарско истражување, да им се донесе брдо од хартија со прашања па со нив да се испитуваат документите или да се испрашуваат. Беше потребен многу такт, суптилност, па дури и емоции за да може да се извлече нешто од тоа што тие го преживеале. Тоа беше страшен страв, не само од удбашкиот југословенски ситем кој навидум не постои, но во суштина се уште постои,посебно во Северна Македонија, туку страв од самиот себе, а на некој начин и срам од тоа што го преживеале.
Само јас си знам што доживував кога ги држев стречките раце на дедо ми , баба ми ,или братот на дедо ми кои постојано се тресеа. Разговарав и со други затвореници.Телата им беа во грч, а од старечките очи постојано им течеа солзи низ образите.
Гледав страв во нивните очи, резигнираност, разочараност………….. Кај нас се зборуваше за затвори, за Голи Оток, за Добој, за Идризово. Понешто ќе кажеа, но поголемиот дел го преќутуваа. Којзнае какви монструозни тајни однесле во гроб.
Се прашувам, како ли се чувствувала прабаба ми и другите мајки додека двајцата нејзини синови и внуци беа однесени во УДБа, задражни шест месеци и потоа сите интернирани во најозлогласените казамати низ тогашна Југославија?
Колку мајки пролеале солзи, слушајќи ги криците на своите синови?
Майките безнадежно одеа,прашуваа, молеа и си ги бараа своите синови! А тие, тие им велеа, не прашувајте. Ништо не прашувајте!
Со шепот се говори низ градот, денес го уапсија тоа момче …. и никој не смееше да праша каде е, дали ќе се врати! А доколку не се врати, другите на нивниот македонски новоговор велеа – „Појела га помрачина“!
И денес кога ќе поминам покрај таа куќа за која пишувам во оваа колумна,куќата викана внатрешни, поточно поранешната удбашка полиција, чинам дека некаде во далечината се уште се слушаат болните крикови на младите, измачувани момчиња. Тие се оние лелекања кои ги слушаме , понекогаш во тишината на ноќите без ѕвезди. И се уште се слушаат тие крикови , тие стенкања што ветерот ги пренесува од едно време во друго време. Ако некогаш постоела пореална несреќа во долгата спирала на времето , тогаш тоа е таа несреќа која вознемирува се додека не се каже вистината!
За многумина, пречекорувањето на прагот на таа куќа беше збогување со светлината на денот, со животот. Замислите, 18 годишно момче кое не сторило никакво злостортво, го фрлаат во зандана, полоша од затвор и не само што му ја кршат неговата личност, туку за навек го осакатуваат или го убиваат! Се извршуваше насилство над слободниот младешки ум, насилство на постариот врз помладиот, насилство на помалку просветениот врз повеќе просветениот. Две насилства врз кои се темели ова општество! Тука, надредениот за врат го фаќа младото момче, го измачува, и со рацете врзани назад на грбот, тоа момче чекори кон губилиштето, затворот, химерата која ќе му оздеме голем дел од животот, или животот, иако не е виновен за никакво злостортво. Човекот кој од врвот на столбот со поглед ја испитува околината, го полни својот револвер,нишани врз младото момче и го притиска петлето.Но, никој досега не се сети на овие англески суштетсва кои моето перо може само да им оддаде почит, оние кои блескаат со светлина која зрачи од нив самите и на кои треба да им се слушне гласот.
Оние пак кои останаа живи, ги интернираа по ју казаматите. Десетина изгубени години за ништо! Тие момчиња им ја подарија својата младост, и самите не знаеа ни кому ниту зошто! Добро е доколку би се вратиле без некоја поголема повреда ( не се исплаќа отшета, а ниту некој ги удостои да им ги спомене барем имињата). И доколку тие момчиња се вратеа од ју казаматите ,пуштањето на нивниот дух на релативна собода со услов дека треба да се пријавуваат два пати неделно во најблискиот уред за контрола, претставуваше само спор на острата и спасувачка граница која досега ја делеше уапсената правда од слободната лага. Слобода со дозвола, концесија за релативна слобода – што е тоа?
Се прашувам, зошто никој од граѓаните на Северна Македонија не протестира за овие млади изгубени животи, туку сето тоа толку лесно се проголтува во нивните „хумани и патриотски“ грла?! И за безобразлукот да биде поголем, дел од нив денес ги споменуваат како херои, им посветуваат писанија, ги опеваат,замислете! Пишуваат ли пишуваат за нив. Ако до вчера лицата им ги оцрнуваа како катран, денес им ги обелуваат како фајанс. И повторно преќутуваат.
Каква ѓаволска дволичност!
Влегоа во областа на полувистината, во полуживотот, во задоволството од привидности ! Но, оваа помрачена фантазија е повеќе од нужна затоа што прекумерниот банкрот и беспарицата, премногу присутни, не би можеле толку лесно да се проголтаат..
Недвосмислено ми се наметнува прашањето, како ли Северна Македонија се надева дека ќе го отпочне процесот на преговори со Европската Унија кога злосторствата направени над деца се уште не се осудени?
Зарем е можно да се помират таквите злосторства со демократијата во која сака да зачекори Северена Македонија? Со Уставот кој ни гаранатира навидум лична слобода и достоинство? Со декларациите за човекови права?
За автентичноста на македонскиот живот, преќутувањето на таквите злосторства е полошо од крпата во уста што им ја ставаа на момчињата за да не се слушаат болните крици. Сето тоа изроди слабо постоење, полуживо, недоведено до својот вистински израз.Преќутувањето,нивниот адут би се објаснил со фактот дека тие се слушатели, претставници на избрутализираната култура, писанија, историја во форми. Но, ние ги знаеме границите на таа вистина затоа што истепаниот дел од телото не е дел од телото во нормална состојба, додека пак модерната македонска историја, литература и уметност мора да бидат во употреба на луѓето на кои не им ги скршиле забите, не им ги подуле очите и не им ја исчашиле вилицата . И гледајте како историчарите се напрегаат да ја прсипособат својата подивеност кон барањата на удбашката деликатност. Ја слават раката која е спремна да убие во името на младоста, го восреснуваат крваваиот бајонет што убиваше! Чудни битија, со помрачена глава и ништавило, а раката и денес им е опасна. Нивниот главен проблем е нивната незрелост!
Насилството го твореше чврстото ново македонско тло под нозете. Тоа беше некој нов револуционарно – реакционарен свет во кој вредностите врзани за идејата на индивидуата, вистината, слободата , правото и разумот беа и се уште се сосема лишени од вредност, зафрлени, релативирани во крв и месо и поврзани со многу поголемата инстанца на силата, авторитетот и титовата диктатура .Тоа е толку реакционарно колку што е ракционерно безидејното движење околу некоја топка; имате привид дека нешто се движи, а во суштина се се враќа на почетната точка. Назадувањето, поточно, напредувањето , старото и новото , минатото и иднината станаа едно те исто и политичката десница се повеќе се вкопува со политичката левица .Се разбира, и двете се безидејни. Слободната мисла доколку ја има припаѓа на светот на досадата и заостнатоста,а насилството го прикажаат како победоносен противник врз вистината.
Уште одамна не беше тешко да се предвиди дека основното средство на политичкото движење, поточно тапкање во место ќе биде популарно, популистичко,или поточно ќе биде прикладно за масата; басни, привиди, баботења кои воопшто и немаат никаква врска со вистината, разумот и науката, но се сепак продуктивни, имаат влијание врз масата и со тоа се прикажуваат како динамичка реалност. Судбината на вистината е толку многу сродна со судбината на индивиудиата, а тоа е губиток на вредност.Се отвора голема јама, помалку гротескна помеѓу вистината и моќта, вистината и животот, вистината и заедницата. Имплицитот дава до знаење дека заедницата, поточно она што останало е многу поважна од вистината и дека секој кој сака да учевствува во заедницата мора да биде спремен да пречкртува големи делови од вистината и науката, и да го прифати Sacrficium intellectus, ентузијастичко потчинување кон нивниот бог Тито, неговите криминални наследници и новата фалсификувана историја Сите уживаат во лагата, посебно во овие прилики кои за мене се толку многу страшни и за кои тие мислат дека се неизбежно нужни за иднината. А за да биде позабаво,се прикажуваат како жртви пред светот, им било повредено достоинството, па организираат судска расправа во која се дискутира за еден од оние масовни митови во служба на општествениот удбашки потсрек, очајнички крик дека замислите се поткопувал граѓанскиот општествен поредок, додека пак осудените протагонисти мораат да ја бранат вистината од лагите, конструкциите и фалсификациите!!!
Гротеската е силен апаратчик на тужителите кои сакаат хумбугот да го докажат како скандалозна навреда на „вистината”, без никаков обид да ја спречат динамичката историско – творечка фикција,поточно кривотворстовто.
О, Господе, македонска наука и вистина!
И замислете кој ја прави целата оваа фарса!
Госпоѓата Весна Бендевска, бившта престедателка на Комисијата за дискриминација! А јас велам дека дискриминација е кога цел живот Госпоѓата Бендевска е дел од некакви комисии, надзори или е пратеничка, додека пак држвата пука по сите шавови! Зар тоа не е дискриминација? Зар не е дискриминнација кога на многу поспсобни млади луѓе им го земаш местото, не им даваша шанса ,наместо ти да го држиш приматот со децении?
Вели, се чувсвувала дискриминирана, навредена како и мнозинството граѓани!
О ти, неуморна чуварко на квази патриотизмот, си се завештала во безумна мисија.
Била навредена, повредена, понижена заради постоењето на бугарскиот клуб и внесувањето на Бугарите во Уставот. Постојано,користејќи го тоа автодиктатично „ние“, се зборува за некакви кичми иако зборот кичма е србизам. Им биле свиткани кичмите, додека пак нас во буквална смисла на зборот ни ги скршија кичмите во таа Среќна 1949 година!
Но, да бидеме сериозни!
Јуриспруденцијата која сака да почива на чувството на овој народ, да не се одвои од него и да биде слепа кон фактите, не смее да си допушти себеси и да го присвои погледот на таканаречената теоретска вистина, да го почитува комичниот фалзум и неговите апостоли затоа што целата оваа гротеска дава слика на комична немоќ.
Се чини дека правдата што ја одредуваат законите не вреди воопшто. Единствено што вреди е правото на навредениот. А навредени, повредени и мртви имаше многу. И кога и нивниот а и мојот живот стана железен, со целиот свој ужас ме втурна во областа на метафизиката.Велам дека тишината е погласна од зборовите. Зимска ноќ, елементите се судираат, ветерот чие жалосно фучење ја растажува човековата душа, одеднаш се смирува,а некаде во далечината се уште се слушаат криците на момчињата и лелекањата на мајките кои си ги бараа своите синови! Моиве очи се натопуваат со солзи и јас немам сила да продолжам понатаму, зошто е дојден мигот да се вратам кон „нормалноста“, меѓу луѓето со суров изглед. Злото што вие ни го нанесовте е премногу големо . Премногу е големо злото. Вие чекоревте по свој пат,толку изопачени, а ја јас по мојот . А доколку зборувам за тоа ,тие ќе се исправат како огромни пружини. Еве, веќе се здружуваат Одеднаш нивните вжарени, избезумени лица ќе почнат да се клештат со израз на ужасна страст , така што и самите волци ќе се преплашат од нив. Се плашам од нивната подмолна одмазда. Сакаат да исчезнеме полека од пред нивните погледи
Иако чувствувам слабост во желудникот од целата оваа паланечка фарса и какафонија, сепак ми е забрането да им го расипувам расположението на заедницата и да ја покажам мојата одвратност, туку треба да се приклучам на општата разуздана веселба ..Но, тоа нема да се случи.
Велам, вистината ќе победи,
И на крај ќе останат само нивните срамни печати и нашите вечни розети!
