| |

Турција ги оцени како „навредливи“ забелешките на Париз за воената операција во Африн

Турската влада ги отфрли француските критики за воена операција на Анкара во северозападниот сириски регион Африн, и ги оцени како “навредливи”, пишува Хуријет.
“Ние ги разгледавме критиките за нашата операција која се спроведува според меѓународното право и сметаме дека истите се навредливи за нашата земја, посебно кога доаѓаат од земја како Франција”, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
“За жал Европејците се дволични. Кога разговараат со нас, велат дека сме во право и дека имаме право на самоодбрана, а потоа зборуваат позади наш грб “, додаде министерот.
Пред неколку дена францускиот претседател Емануел Макрон ја предупреди Турција дека нејзината операција во Африн не треба да се користи како изговор за “инвазија” на Сирија и сака Анкара да ги координира своите акции со своите партнери.



Слични Објави