ПРЕДВИДУВАЊАТА НА ТРЕНДАФИЛОВ-НАНЧЕ ЗА ОХРИД ПОЧНУВААТ ДА СЕ РЕАЛИЗИРААТ ?!
Вчерашниот инцидент со поставувањето на албанското знаме на Самуиловата тврдина во Охрид што ја разбрани македонската јавност, потсетува на ставовите што беа изнесени на последната прес-конференција на кандидатот за градоначалник на општина Охрид, од редовите на ГДУ, Михаил Трендафилов-Нанче.
Дали Нанче визионерски не ја предвиде оваа провокација?
„На Охрид му се случува Кичево и Струга од 2004“ година.
Зборовите што ги кажа Нанче потврдуваат дека Охрид стана погодно тло за меѓуетнички провокации и демонстрации на моќ, бидејќи СДСМ и ДПМНЕ братски молчат за да не ги изгубат двајцата советници на ДУИ во советот на Општината.
Еве што кажа Нанче на неговата прес-конференција:
А погледнете го и видеото на албанската новинска агенција (ИНА) Ilirya News Agency, која го направи интервјуто со еден од четворицата Албанци, кои вчера предизвикаа огромен скандал со поставувањето на големо албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид. Во ова видео Прекоцај тврди дека Охрид е дел од албанска териотирија бидејќи тука владеел Скендербег.

