Нешков: РС. Македонија работела, а бугарските европратеници биле на екскурзија
Северна Македонија работела добро, а бугарските европратеници биле на екскурзија. Ова го изјави за БНР новинарот Љубчо Нешков, сопственик на агенцијата БГНЕС.
„Одлуката на Комисијата да го одложи извештајот е сосема очекувана, фокусирањето на известувачот ќе ја засени главната цел. Секоја анализа на билатералните односи ќе биде погрешна ако не се земат предвид неколку нешта. Прво – со што РСМ го исполнува тоа празно анти-европско пространство, кое таа агресивно го поттикнуваше изминативе години. Македонскиот премиер Христијан Мицкоски не е таткото на таа радикализација – таа започна во времето на Зоран Заев, беше продолжена од Димитар Ковачевски и сега се екстраполира кај Мицкоски – станува збор за навлегување и реализација на проектот ‘Српски свет’. Мицкоски нема ниту сила, ниту капацитет, ниту визија за некаква друга култура, дури ни во своето однесување, освен таа“, рече Нешков.
Според него, известувачот Томас Вајц не е самостоен играч во изготвувањето на овој извештај:
„Неговото место не е таму каде што се наоѓа. Станува збор за влијание од други држави во регионот. Не е случајно што Виктор Орбан го нарече Мицкоски ‘капетан на армијата што ја запира миграцијата’… Еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, е поранешен кадар на југословенската држава. Таа многу добро знае што значи преговарачка рамка, но повторно работи во служба на тие странски проекти“.
Според Љубчо Нешков, Бугарија не направила грешка со т.н. Француски предлог и постигнала консензус со сите останати држави од ЕУ:
„Проблемот е што потоа западнавме во длабок сон“.
