ОРКЕСТАРОТ НА КАМЕРНА ОПЕРА БЛАГОЕВГРАД СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ ВО ЧЕСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Оркестарот на Камерна опера – Благоевград ќе одржи заеднички концерт со музичари и уметници од Република Македонија. Музичкиот настан ќе се одржи на 4 мај од 19.00 часот во Скопје. Концертот е дел од настаните поврзани со одбележувањето на 116-тата годишнина од смртта на револуционерот Гоце Делчев. На концертот се очекува да присуствуваат официјални лица од двете земји.
Концертот во Скопје е еден вид доказ за добрите односи меѓу Бугарија и Македонија, се вели во соопштението на Општина Благоевград.
