| |

Мицотакис во Вашингтон ќе го постави прашањето за почитувањето на Договорот од Преспа

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис е во Вашингтон на самитот на НАТО и таму ќе го постави прашањето за почитувањето на Договорот од Преспа од страна на Северна Македонија“, изјави портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис, јавува БГНЕС.

Тој додаде дека нема планирана средба меѓу Мицотакис и премиерот на РСМ Христијан Мицкоски.

Според официјалните програми на двајцата премиери, покрај самитот на НАТО и планираните активности на маргините, ќе присуствуваат и на вечерата во Белата куќа што ја организира американскиот претседател Џо Бајден.

„Мицотакис ќе го постави прашањето на највисоко ниво. Ќе го спомене Договорот што не се почитува, особено прашањето со користењето на името ерга омнес. Премиерот ќе спомене голем број изјави кои се во спротивност со Договорот од Преспа, т.е. спротивно на она што беше изгласано од двете страни, бидејќи, како што разбирате, присуството на Северна Македонија во НАТО е резултат на овој договор, но нашата соседна земја не ја почитува ниту првата страница од овој договор“, нагласи Маринакис.

Слични Објави