| |

ВО КОВИД – ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ СЕ ЛЕКУВААТ 510 ПАЦИЕНТИ

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, со што вкупниот број на пациенти сега е 510, соопшти Министерството за здравство. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 30 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 162 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 9 деца и 25 возрасни.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, соопшти МЗ.

Слични Објави