ФАУЧИ: АКО СИТЕ ПРИМАТ ВАКЦИНА, ДО ЕСЕН СЕ ВРАЌАМЕ ВО НОРМАЛА

Соединетите држави можат да се вратат во нормала до следното лето или раната есен, ако сите ја примат вакцината против Ковид-19, изјави вчера главниот експерт за инфективни болести во САД, Ентони Фаучи.

loading...

„Сè зависи од тоа колку брзо ќе се одвива вакцинацијата и колку луѓе ќе сакаат да се вакцинираат. Ако сè оди во најдобар ред, би можеле да се вратиме во некоја форма на нормалност релативно брзо, во текот на летото или секако наесен”, изјави Фаучи за Си-ен-ен.

Советодавниот одбор за вакцини на американската Агенција за храна и лекови (FDA) изгласа одобрување за итна употреба (EUA) за вакцината на „Фајзер“. Затоа, се очекува FDA да одобри EUA за оваа вакцина во следните неколку дена.

„Верувам дека ако масовно ги вакцинираме граѓаните, ако се вакцинира голем процент од населението, наесен сигурно ќе го вратиме образовниот процес во училиштата. Тоа е она што се надевам и што предвидувам дека ќе се случи ако сите се вакцинираме“, рече Фаучи.



loading...

Извор: Макфакс