Кос: Се надеваме дека РСМ ќе го промени својот устав
„Се надеваме дека Северна Македонија ќе го промени својот устав“ – ова го изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, јавува БНР. Кос го даде примерот на Србија, за која во декември не беше отворен кластерот „Конкурентност“, бидејќи земјата не ги исполни потребните обврски. „Истото важи и за Северна Македонија“, додаде таа во врска со нејзините обврски.
РСМ се обврза да ги вклучи Бугарите како државотвoрен дел од народ во својата преамбула со цел да ја отстрани блокадата на Бугарија на преговорите за пристапување во ЕУ. Но, новиот премиер на државата, Христијан Мицкоски, одбива да го стори тоа.
