Ученичка од бугарско-украинскиот центар „МЕДИА“ во Украина подготви репортажа за бугарскиот поет и револуционер Христо Ботев
Ученичката од бугарско-украинскиот културно-образовен центар „МЕДИА“ во село Каракурт, Украина, Ирина Ташти подготви новинарски материјал за настаните од 6 јануари во Бугарија. Извештајот е објавен на Фејсбук страницата на едукативниот центар, јавува БТА.
Во рамките на училишниот клуб „Млад новинар“ е подготвена и снимена репортажа за 177-годишнината од раѓањето на Христо Ботев.
„Денеска се навршуваат 177 години од раѓањето на Христо Ботев, еден од најголемите поети и револуционери. Ботев живеел само 28 години, но оставил трајна трага во националната меморија, со своето творештво и со својата револуционерна дејност“, вели ученичката.
На крајот од прилогот, новинарката го рецитира првиот дел од баладата „Хаџи Димитар“ од Христо Ботев:
„Жив е той, жив е! Там на Балкана,
потънал в кърви, лежи и пъшка
юнак с дълбока на гърди рана,
юнак във младост и в сила мъжка.
На една страна захвърлил пушка,
на друга сабля на две строшена;
очи темнеят, глава се люшка,
уста проклинат цяла вселена!
Лежи юнакът, а на небето
слънцето спряно сърдито пече;
жътварка пее нейде в полето,
и кръвта още по-силно тече!“

