ОШТЕТЕНИТЕ ВО НЕСРЕЌАТА КАЈ ЛАСКАРЦИ НАЈАВИЈА ИМОТНО – ПРАВНО ПОБАРУВАЊЕ

//

Со произнесување на оштетените денеска во Основен кривичен суд Скопје продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци.

Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

На денешното рочиште правните застапници на дел од оштетените, повеќето претставници на семејствата на починатите патници се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон и сите најавија имотно – правно побарување на отштета.

За следната расправа на 18 октомври судот најави дека ќе бидат повикани и преостанатите оштетени во постапката, а кои не се изјасниле пред судот, додека за расправата на 31 октомври ќе бидат повикани и останатите оштетени, а кои ќе бидат сослушани и како сведоци за настанот.



За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и Ремзи Мифтари вработен во фирмата, возачот на автобусот Маноил Трифуновски и тројца вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски.

Сопственикот на „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во формата и возачот се теретат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед за соучество во истото дело.



Претходна статија

ТРАМП: 1.000 АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ ОСТАНУВААТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Следна статија

ЗАЕВ НА ФБ: ОВА Е НЕПОВТОРЛИВО ВРЕМЕ ЗА ДРЖАВАТА

Најново од Вести