ТРКАЛЕЗНА МАСА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МУЗЕИТЕ

„Што е музеј? – нова музејска дефиниција“ е насловена тркалезната маса која ќе се одржи утре 24 мај, со почеток во 10 часот во Археолошки музеј на Македонија …

Тркалезната маса е дел од активностите во рамките на Програмата по повод манифестациите 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите и 19 Мај – Европска ноќ на музеите во Република Македонија. На тркалезната маса ќе се дискутира за иднината на музеите, односно за новата дефиниција за музеј, а ќе присуствуваат претседателката на RA ICOM SEE, Горанка Хорјан и членовите на Бордот на RA ICOM SEE и учесници од различни земји од регионот.

Организатори на Тркалезната маса се Регионалната Алијанса на ИКОМ за Југоисточна Европа (RA ICOM SEE) и Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ).

По одржаното советување „Хиперповрзани музеи: нови пристапи, нова публика“, кое се одржа во Демир Хисар на 16 мај и доделувањето на наградата „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“ на 18 мај во Скопје, овој настан е трет во низата од повеќе активности за годинава со кои МНК ИКОМ го одбележува 25 годишниот јубилеј од своето основање, а се поддржани од Министерството за култура на Република Македонија.

Извор: Министерство за култура.