ФОТО: СПАСОВСКИ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА СПЕЦИЈАЛЕЦОТ Љ. АРАНЃЕЛОВИЌ КОЈ ЗАГИНА ВО „ДИВО НАСЕЉЕ“
Делегација на Министерството за внатрешни работи, начело со министерот Оливер Спасовски положи свежо цвеќе на гробот на полицискиот специјалец Љубиша Аранѓеловиќ. Припадникот на полициската специјална единица „Тигар“ загина заедно со уште седум свои колеги за време на вооружената пресметка со милитантна група од Косово, во кумановската населба „Диво насеље“.


