НУРКИЌ ГО ПРОВОЦИРАШЕ ЈОКИЌ СО МАИЦА ШТО ПОТСЕТУВА НА ВОЈНАТА ВО БИХ
Јусуф Нуркиќ пред извесно време ја заврши сезоната поради тешка повреда на ногата, па не може да му помогне на својот Портланд во плеј-оф серијата против Денвер, но затоа може да го провоцира најдобриот кошаркар на противникот.
Босанецот на синоќешниот натпревар се појави со маица на која беа испишани девет имиња на војници од војната во БиХ во деведесетите години од минатиот век. Овие имиња во БиХ имаат статус на херои поради борбата против српската војска.
Сепак, Јокиќ не наседна на оваа провокација на Босанецот и имаше спортски одговор на прес-конференцијата по натпреварот.
„Среќен сум што го видов Нуркиќ, имаше тешка повреда, беше со нас кога дојдовме тука, многу ми е мило што го гледам дека оди самостално по една тешка повреда“, рече Србинот на пресот.
Извор: Спорт1
