Леонидов: Крапчев прави сѐ што е можно Македонија да се приклучи кон Бугарија
Кога зборуваме за Данаил Крапчев, и покрај неговите патриотски ставови, тој не е од оние кои само викаат „Ура и Бугарија пред се“. Има и редови напишани со болка, тврди дека ние Бугарите имаме кратко паметење и вели: „Бугарија мора да си ја собере душата“. Ова го вели писателот Румен Леонидов во интервју за БНР за Данаил Крапчев кој го издавал весникот „Зора“ и бил убиен од комунистичкиот режим на 10 септември 1944 година.
Крапчев го убиле, но за него Цола Драгојчева, како член на ЦК на БКП, вели: „Ова ѓубре само се задави со чорап“.
„Вистината е дека многу одамна, пред 9 септември, овој храбар човек, кој зборувал ретко, но пишувал, цели 25 години го издавал весникот „Зора“, наречен бугарскиот „Тајмс“, од 1919 до 1944 година и го оставил малку пред да биде убиен.
Весникот на 16 страници е со тираж од 130.000 броеви. „Зора“ станува центар на интелектуалната и уметничката мисла. Уште тогаш, кога почнал да го издава весникот, Крапчев си ја „потпишал“ смртната пресуда. На почетокот гледал позитивно на руската револуција, но кога видел дека револуцијата ги јаде своите деца и дека владее масовен терор, а тој е патриот, парламентарец и не сака никаква диктатура, се згрозил од сталинизмот. Подоцна, тој паѓа во стапицата и мора да избере помеѓу воскресната Германија или диктатурата на Сталин. И напишал неколку позитивни работи за Германија. Но пишува дека „добро не поткупиле, ни ја вратија Добруџа и нѐ пуштија на Бело Море, а Македонија ни ја вратија, нема ли скапо да го платиме тоа?
„Најинтересно и најнеобјасниво е зошто тој не оди во странство со меѓународниот пасош, туку останува тука“, коментира Леонидов.
Крапчев е роден во Прилеп и цело време сака да направи сѐ за Македонија да се приклучи на Бугарија и да стане како Швајцарија на Балканот, вели тој.
И додава:
„На сите автори им плаќал големи хонорари, а весникот Зора има 1,5 милиони лева годишни приходи, го привлекува Јордан Јовков како автор, Димитар Талев таму ги печати првите верзии на „Железниот светилник“. Дебељанов е коректор, Димитар Подврзачов, Рајко Алексиев, Николај Рајнов, Николај Бадев, ликвидирани по 9 септември, Добри Немиров, Георги Рајчев, Дора Габе итн.“
„Ние немаме врска со оваа централна фигура на бугарската буржоазна десница, можеби затоа што е означен како фашист. А кога ќе видите кој работел во „Зора“ и кој му честитал годишнина, ова е цутот на бугарската интелигенција и не можеме сите да ги дефинираме како фашисти“, коментира Румен Леонидов.
