|

Одбележуваме 151 години од раѓањето на револуционерот Павел Генадиев

На 10-ти јуни 1873 г. во Битола е роден ПАВЕЛ ИВАНОВ ГЕНАДИЕВ. Завршил гимназија во Пловдив и се вклучува во револуционерните кружоци за ослободување на Македонија и Одринска Тракија. Тогаш се спријателува со Михаил Герџиков, а потоа студира на Софискиот универзитет. Во 1895 г. се присоединува кон ВМОРО и започнува да предава во Лозенград и Свиленград, каде што создава револуционерни комитети и го предводи Свиленградскиот околиски револуционерен комитет. Го издава револуционерниот весник „Борец“. П. Генадиев се спријателува со Борис Сарафов и преминува на страната на Врховниот комитет, така што го предводи Пловдивскиот комитет. Од 1899 г. е подпредседател на Пловдивското македоно-одринско друштво. Генадиев е специален емисар на друштвото за откривање на клонови и нови друштва во други градови. Тој поддржува во градот работилница за ранци и торби за четите. Складираното во градот оружје се префрла преку пункт во Османската империја.

Во 1900 г. е делегат на Пловдивското друштво на Седмиот македонски конгрес. Во Софија П. Генадиев се отдава на литературна и обштествена дејност, но продолжува активно да учествува во револуционерната дејност во Тракија. Генадиев го подпомага организирањето на Илинденско-Преображенското востание. Во 1903 г. е избран за депутат во XIII Народно собрание. Се занимава со издавачка и публицистичка дејност: списанијата „Библиотека“, „Художник“ и „Поука“. Пишува за редактираниот од брат му Никола Генадиев весник „Българска независимост“, „Балканска зора“, „Светлина“, „Новини“, „Искра“ и други. Во 1914 г. е избран одново за народен представник во XVII Народно собрание од Пловдив. Заради неговото противење на вклучвањето на Бугарија во Првата светска војна на страната на Германија, е уапсен и осуден на 2 години затвор. По војната е главен редактор на весникот „Волја“. Пишува и во „Народно единство“. По Втората светска војна Генадиев се обидуваа да го спречи предавањето на Пиринска Македонија на Југославија и присилната македонизација во областа. Според него правилната формула е право на самоопределување, но во рамките на јужнословенска федерација, изградена на равни начела меѓу Југославија и Бугарија.

П. Генадиев умира 1959 г. во Софија.

“Завчера, во среда вечерта, Солун бил театар на трагични настани. Тоа што ќе го видат читателите од телеграмите, кои што ги печатевме денес, кревањето во воздух на турската и Митиленската банка не бил единствен факт на динамитните атентати, ами само една епизода од востаничкото движење, кое што по својата сила ги надминува сите досегашни во турско, и за градот како Солун, ги надминува границите на сите очекувања. Борбите, со пушки и динамитни бомби, траело цели пет часа во темнината. Убиени се многу Турци, но точните бројки уште не се знаат. Востаниците, прикриени од темнината и добро вооружени, дале малку жртви, но турската војска се предала на колеж на сите Бугари, кои што и’ попаднале неа ноќта под раце. Паниката траела и утрото, а после се покачило апсењето на Бугарите и Солунските зандани зафатија три пати повеќе жртви, од колку што поминаа во последната амнестија.

И така Солун, татковината на равноапостолите Бугарски просветители, градот во кој се основа првата Бугарска печатница, во кој што најнапред во минатиот век се појави Бугарската писменост, прв се подигна меѓу сите македонски градови и по еден начин колку громогласен, толку и трагичен, го надминува еднаш за секогаш спорот со Грци и Срби ги закопува во калта егоистичките претензии на оние, кои што денес не се меѓу борците за слободата, а се на турска страна. Во Солун, градот во кој сите Сили имат свои претставници, во кој живеат многу европејци, гордите борци од Македонија дадоа свечени докази, дека тие се решени сите да умрат за слобода.

Сега, Турците веќе ќе побеснат. Што и да е Бугарско во Солун не можеа да изколат во крвавата ноќ на 16-ти април, ќе сакат да го довршат со вонредни воени судови.“

АПРИЛСКОТО ВОСТАНИЕ ВО СОЛУН, Македоно-одрински куриер, издавач Павел Генадиев, 1903 г.



Слични Објави