ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КРВНИОТ ПРИТИСОК ЈАДЕТЕ ОБЕЗМАСТЕНА ИЗВАРКА И МЛЕКО

Високиот крвен притисок многу често поврзан со стресот и анксиозноста, велат експертите. Како што покажуваат студиите, можете да го намалите високиот крвен притисок со производи кои содржат магнезиум. Под дејство на овој микроелемент, мускулите се релаксираат, садовите се шират и крвниот притисок се нормализира.

Ако телото хронично не ги добива хранливите материи што му се потребни, постои опасност од колапс во работата на внатрешните органи, а истиот најчесто се јавува во стресните ситуации.

Денес почвата е многу посиромашна, преполнета со хемикалии, а зеленчукот кој се одгледува од неа се подложува на индустриски и термички третмани. Малкумина сфаќаат дека многу од корисните својства на производите, особено магнезиумот, се губат.

Доколку имате недостаток на магнезиум, калциумот, калиумот и натриумот не се раствораат потполно во крвта, при што голем дел од него се заглавува во меките ткива во форма на кристали. Ако имате висок притисок, ќе ви помогне обезмастеното млеко и изварка (содржат не само магнезиум, туку и калциум и калиум). Во списокот со корисни работи секако се и зелениот чај, црвената пиперка овесот и семките од тиква.