СТУДЕНТИ ОД ФЕИТ НАГРАДЕНИ ЗА НАЈДОБАР ПРОЕКТ НА ICAMES 2019

Проектот „Концепт за напреден систем за домување на возрасни лица” на студентите Катерина Билбилоска, Милан Јанковски, Матеј Пунтевски и Константин Кузмановски од Факултетот за електротехника и информациски технологии освои награда најдобар проект во категоријата симулација на Меѓународната културна и академска средба на студентите по технички науки (International Cultural and Academic Meeting of Engineering Students – ICAMES 2019).

Годинава, 24-тото издание на ICAMES се одржа од трети до деветти мај во Истанбул, Турција, во организација на Друштвото на инженери од Универзитетот Богазиџи. Според менторот на студентите, вонредниот професор Александра Крколева Матеска, овој настан има повеќедимензионален карактер – академски, натпреварувачки, социјален и мултикултурен. (Повеќе)