„СОВЕСТ“:ДОЦНА СФАТИВМЕ ДЕКА ПРОБЛЕМОТ НЕ Е ВО НЕСПОСОБНОСТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ, ТУКУ ВО ЗАМЕШАНОСТА НА ПОЛИТИКАТА
Здружението „Совест“ со писмо до премиерот Зоран Заев во кое ја искажува својата разочараност поради не преземањето конкрентни мерки за решавање на проблемот околу изградбата на минарето во Али Пашината џамија.
Работевме најлегално за институциите да си ја завршат работата. За жал, доцна сфативме дека проблемот не е во неспособноста на институциите, туку во замешаноста на политиката. Бевме многу наивни, дури и масовниот протест го откажавме, се со цел мирно да поминат изборите. И додека очекувавме разврска, се прошири вест дека сме се испазариле работите да продолжат. Смешно да не е жалосно и срамно, злобата е карактеристична за кукавици, рече Михаил Трендафилов Нанче од „Совест“.
Трендафилов, информира дека поднесува оставка од функцијата претседател на здружението, бидејќи чувствува лична одговорност, како што рече, за неговата наивност да верува во дадените ветувања од надлежните. (Повеќе)

