Команда на украинските сили: Русија почнува нова офанзива на исток

/

Командата на украинските вооружени сили денеска соопшти дека забележала знаци кои укажуваат дека Русија ја започнува очекуваната нова офанзива на истокот на земјата, зголемувајќи го интензитетот на нападите во делови од регионите Доњецк и Харков.

Во објава на Фејсбук, Командата на вооружените сили исто така наведе дека главните воени сили на Русија се концентрирани на преземање контрола врз целиот регион Доњецк и Луганск.

Командата објави и дека во тек се борби во пристанишниот град Мариупол, каде Русија се обидува да го преземе градското пристаниште.

Извор: zoom.mk



Претходна статија

Дескоска: Веднаш да почне постапка за носење измени на законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите

Следна статија

(Видео) Колев: Македонското општество треба да разбере дека Бугарите во РС Македонија и институциите во Бугарија се обединети

Најново од Вести