| |

Почина игуменот на Зографскиот манастир во Атон

Денеска по кратко боледување почина архимандрит Амвросиј, игумен на светиот манастир Зограф, соопшти Светиот синод на Бугарската православна црква, пренесува БГНЕС.

Архимандритот Амвросиј го започна својот духовен пат уште од раното детство, а потоа го заврши петгодишниот курс на Софиската теолошка семинарија во близина на Черепиш. Во 1973 г влегол во Бачковскиот свет манастир, а четири години подоцна го прифатил монаштвото. Во 1981 г заминал за Света Гора – Атон, а од 1997 г е игумен на Светиот манастир Зограф.

Во негово време и со негов благослов, Зографскиот манастир ја разви својата културно-просветна дејност и беа објавени стотици православни книги, житија на светите, литература и публикации за актуелни и современи прашања. Благодарение на макотрпната работа на архимандритот Амвросиј и братството на манастирот, беше обновен дел од светиот манастир, оштетен во силен пожар, изградена е нова зграда за луѓето што го посетуваат манастирот, а исто така и нова библиотека.

Во црковната меморија архим. Амвросиј ќе остане како ревносен монах, духовник од Бога дарен и мудар ментор на многумина на патот на верата.

Утре во Митрополитската катедрала „Св. Недела“ од 9:30 ч. погребната света литургија ќе отслужат владици на БПЦ. Богослужба ќе се врши до 20 ч. во храмот.

Бог да го прости! Вечен и благословен нека му е споменот!



Слични Објави