Гаши за смена во Судскиот совет: Досега неколку пати сме избрзале, сега сакаме да дојдеме до издржливо решение
Собранискиот спикер Африм Гаши оценува дека во правосудството се потребни подлабоки реформи но дека треба да се внимава.
„На сите граѓани им е јасно дека реформи во правосудството ни се потребни и тоа подлабоки, но, да внимаваме тие да бидат содржајни и реформи кои одат кон подобро. Затоа што неколку пати сме пробале, така избрзувајќи и не сме донеле решенија кои се одржливи и долгорочни. Овој пат сакаме да внимаваме и пристапот е поинаков“, истакна Гаши.
Одговарајќи на прашањето дали Собранието има ингеренции да разреши членови на Судскиот совет, тој појасни дека треба да се испочитуваат сите институции и да се дојде до заедничко мислење, па потоа со заеднички став да се реши проблемот.
Темата за смена на Судскиот совет како што вели е комплексна а проблемот според него треба да биде долгорочно решен.
„Сме во консултации со повеќе експерти и институции и сакаме да дојдеме до издржливо решение“, вели Гаши околу можното разрешување на Судскиот совет.
