БЕШЕ НА ЧЕКОР ДА ГО НАПУШТИ РЕАЛ МАДРИД, НО ДЕНЕСКА ПОТПИША НОВ ДОГОВОР!

Реал Мадрид најави големи промени во екипата на лето, откако сезонава играа катастрофално, па постојано се шпекулираше за фудбалерите, кои ќе го напуштат клубот. Еден од нив, Тони Крос, денеска потпиша нов договор.

Германскиот фудбалер со потписот на нова соработка ги запре шпекулациите за неговото заминување од Мадрид.

„Кралевите“ го потврдија тоа на својата официјална страна и Крос ќе остане до 2023 година на „Сантијаго Бернабеу“.

Извор: Спорт1

Слични Објави