Гувернерите на Охајо и Индијана со прокламации по повод 3 Март- националниот празник на Бугарија- највисоката зграда во Чикаго ќе блесне во боите на бугарското знаме по повод празникот
Гувернерите на државите Охајо , Мајк Дивајн, и на Индијана, Мајк Браун, со свои прокламации го објавија 3-ти Март 2025 година за Ден на ослободувањето на Бугарија. Ова го соопшти генералниот Конзулат на Бугарија во Чикаго , преку својата официјална Facebook страна.

Документите содржат признание за бугарските училишта , цркви и културни организации од почетокот на 20-ти век до наши денови а исто така и кон придонесот за развојот на двете американски држави.

„Утре ( денеска 3-ти Март бел.уред) највисоката зграда во Чикаго ,,Вилис тауер” повторно ќе биде осветлена со светите бои за нас- белата , зелената и црвената. Во 12 часот ве очекуваме на плоштадот Дејли плаза во Чикаго каде што ќе се одржи свечена церемонија со кревање на државното знаме. Честит празник! Да живее Бугарија”, стои во соопштението на бугарскиот Конзулат во Чикаго.
