Со марш на толеранцијата во Софиja беше одбележана 82-та годишнина од спасувањето на бугарските Евреи
Марш на толеранција под наслов „Се сеќаваме“ ја одбележа 82-годишнината од спасувањето на бугарските Евреи. Поворката им оддаде почит на загинатите во нацистичките логори, јавува БГНЕС.
„Денес повторно сме заедно за да посведочиме синовска почит и да се поклониме пред делата на нашите предци, вклучително и на пратениците, на оние, благодарение на кои пред 82 години бугарското општество се обедини во одбрана на правото на живот, слобода, избор на вера и просперитет за секого“, рече во својот говор претседателката на Народното собрание Наталија Киселова.
„82 години нè делат од оние страшни настани кога во атмосфера на угнетување, тоталитаристички мрак, ужаси, Бугарите од сите сфери на животот, свештенството, политичарите, јавните личности, обичните луѓе, го кренаа својот глас за да го заштитат правото на живот на нивните сонародници“, рече премиерот Росен Желјазков.
„Денес одбележуваме 82 години од драматичните настани во март 1943 година, кога благодарение на заедничките напори на бугарскиот народ, водачите на БПЦ, бугарските Евреи беа спасени од речиси сигурна смрт во концентрационите логори“, изјави претседателот на организацијата „Шалом“ Александар Оскар.
Со владина одлука 105 од 19.02.2003 год. датумот 10 март е избран поради таканаречената „Ќустендилска акција“ од 1943 година. Тогаш со помош на политичари и јавни личности од Ќустендил и бугарските митрополити, од владата беше побарано да се спротивстави на планираната депортација на бугарските Евреи во нацистичките концентрациони логори.
По 1943 г сите речиси 50.000 бугарски Евреи беа спасени, што е единствен случај во Втората светска војна.
