Хулигани ги нападнаа редарите, студентите го прекинаа протестот во Белоград во кој учествуваа над 100.000 граѓани
Извор: Цивил медиа
Крај на протестот на кој имаше над 100 илјади граѓани објавија од Факултетот за драмски уметности во Белград.
Студентите се повлекоа откако вечерва од правец на Пионирски парк кон студентите кои протестираат било фрлано со шишиња и камења, јави МИА од Белград.
„Од правец на Паркот Пионер се фрлаат шишиња и камења. Овој протест повеќе не е студентски протест. Стражарите ги симнаа маркерите. Ги замолуваме сите да го напуштат просторот околу Собранието“, се вели во соопштението на Факултетот за драмски уметности во блокада.
На просторот пред зградата на Претседателството во Пионирски парк се собрани членови на здружението „Студенти 2.0“, кои, како што велат, сакаат да се вратат на наставата и се спротивставуваат на студентските протести.
Српските медиуми објавија дека вечерва во 22 часот обраќање до нацијата ќе има претседателот на државата, Александар Вучиќ.
