ОТКАЖАН ЛЕТОТ СО КОЈ ПОПЛАДНЕ ТРЕБАШЕ ДА ПРИСТИГНАТ РАКОМЕТАРИТЕ НА ВАРДАР
Летот со кој попладне требаше да пристигнат ракометарите на Вардар во земјава е откажан. На страницата на скопскиот аеродром предмалку е објавено дека летот од Келн во 16.15 часот, со кој беше најавено пристигнувањето на европските шампиони е откажан, а друг лет од Германија засега не закажан за Скопје.
Вардар од Келн се враќа денеска, не пред 18 часот, а со нив во делегацијата ќе бидат и двајцата коментатори , Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ.
Според извори од таборот на РК Вардар, екипата ке слета во Скопје нешто по 18 часот, односно 18-45, но официјална потврда засега нема за точното слетување.
Од клубот нѐ информираа дека во Скопје ке допатуваат по 18 часот, но не како што беше предвидено околу полноќ.
