Израелските власти го избркаа Додик од конференцијата за антисемитизам „Се чуствував како натрапник“, им изјави Додик на новинарите
Израелските власти побараа од претседателот на Република Српска Милорад Додик да ја напушти конференцијата за антисемитизам во Ерусалим, откако по него беше распишана меѓународна потерница, објавија денеска израелските медиуми, пренесува Слободен печат.
Во написот на весникот „Израел Хајом“, кој го пренесоа сараевските медиуми, се наведува дека израелските власти „јасно му ставиле до знаење на Додик дека не е добредојден на настанот, што го принудило да го напушти местото“, објави Бета.
Во меѓувреме, Додик за „Jерусалим пост“ потврдил дека ја напуштил конференцијата.
„Дојдов во Израел да зборувам против антисемитизмот. Наместо тоа, се чувствував непожелно – гостин кој се чувствуваше како натрапник“, рече тој.
