„Животот – тоа се две жени“ од Стефан Цанев во Перник за Меѓународниот ден на театарот
Меѓународниот ден на театарот во Перник ќе се одбележи со претставата „Животот – тоа се две жени“ на Стефан Цанев. Премиерата е на 27 март во 19 часот во театарската сала „Георги Русев“.
Стефан Цанев е еден од ретките драматурзи кои пишувале меѓу 1944 и 1989 година чии текстови ќе останат, рече режисерот на претставата Димитар Кабаков.
„Вечната приказна за љубовта низ очите на најважните жени во животот на една личност – мајката и сопругата, саканата. Публиката, навистина се надевам, покрај сета таа едноставна приказна меѓу мајката, синот и сопругата покрај синот, ќе ја види и почувствува, ќе се потопи и во сите оние светови што не опкружуваат, паралелните, но кои некако ги поминавме и ги заборавивме во ова време“ – кажа Кабаков.
Претставата е заедничка продукција на театарот „Бојан Дановски“ – Перник и продукциската куќа „ОРЕНДА АРТ“ и е реализирана со финансиска поддршка на Националниот фонд „Култура“. Во улогите публиката ќе ги види директорката на театарот во Перник Екатерина Канчева и нејзините колеги актери Тања Тошева и Росен Белов.
Фото: БНР
