(ВИДЕО) ГРУЕВСКИ: ВРЕМЕТО ПОКАЖУВА КОЈ БИЛ ВО ПРАВО!
Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук објави видеоснимка од неговиот говор во Собранието на денот кога се гласаше владата на Зоран Заев.
Во коментарот Греувски пишува дека две години подоцна она што го рекол, само се докажува.
„Главната причина за оваа надворешна операција беше нашата политика во однос на барање на фер решение за проблемот со името, кое не го добивме, и како резултат на тоа се уште не ја добивме заслужената покана за членство во НАТО и преговорите за влез во ЕУ, кои беа и ќе останат стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, покрај оваа стратешка цел, стратешка цел е и фер решение, а не наметнато решение кое ќе нѐ обезличи како народ, како нација и како држава. Од новото мнозинство се очекува поинаков пристап по ова прашање. Времето ќе покаже кој бил во право“, вели меѓудругото екс-премиерот, Никола Груевски.
