| |

СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ТЕТОВСКО: СКОПЈАНЕЦ ИТНО ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦА

На 05.06.2019 година во 16.55 часот на локалниот пат за село Сараќино, тетовско, после мостот на реката Пена, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Пежо 307“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(42) од с.Сараќино и патничко возило „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(53) од с.Бојане, скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Х. и со друго возило бил пренесен во Клиничката болница Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Слични Објави