| |

Почина познатиот бугарски актер Васил Банов

Почина познатиот бугарски актер Васил Банов, соопштија од Сојузот на уметниците во Бугарија, пренесува БГНЕС.
Васил Банов е роден на 20 јули 1946 година во Карлово. Во периодот од 1967 до 1971 година студирал актерска уметност за драмски театар на ВИТИЗ „Крсто Сарафов“ во класата на професор Бојан Дановски.

Тој има работено во театрите во Велико Трново (1970 – 1975), Враца (1975 – 1978), Софиски окружен театар Ботевград (1978 – 1984) и „Солза и смеа“ од 1984 година.

Бил член на Сојузот на актерите во Бугарија од 1970 година, бил заменик-претседател на Управниот одбор на Креативниот фонд (1988 – 1989), како и претседател на Управниот одбор на Сојузот на бугарските филмски дејци од 1989 г.

Васил Банов беше татко на Боил Банов, министер за култура во третата влада на премиерот Бојко Борисов.

Слични Објави