Политичките партии потпишаа кодекс за фер и демократски избори

/

Први го потпишаа претседателот на СДСМ Зоран Заев и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, а по нив и сите останати партии кои ќе учествуваат на локалните избори во октомври.

На заложбите во кодексот се обврзаа и претставничките на Форумите на жени на партиите во кој посебен акцент е ставен на борбата за родова еднаквост и против насилството врз жените во политиката.

Првиот човек на ДИК Александар Даштевски истакна дека партиите се клучни во изборниот процес кои треба да обезбедат транспарентни и отчетни избори. Порачаа дека нивната улога е клучна во спроведувањето на изборите без поткупувања и заплашувања на гласачкото тело.



На фер и демократски избори без говор на омраза се обврзаа и подмладоците на политичките партии. Со потпишувањето на Декларацијата велат дека сакаат да бидат поттик за сите млади да се вклучат во креирањето на државните политики.

И медиумите како дел од спроведувањето на изборите ја потпишаа Повелбата за етичко известување која предвидува објективно, вистинито и навремено информирање почитувајќи ги принципите на независност, солидарност и професионален интегритет.

Претходна статија

Заев очекува Бугарија да продолжи да и биде партнер и поддржувач на С. Македонија на нејзиниот европски пат

Следна статија

(Фото/Видео) Претставници на Фондација Македонија го исчистија споменикот на Гоце Делчев во Градски парк

Најново од Вести