ПРЕДЛОГ КАЗНИ ОД ПО 500 ЕВРА ЗА ДЕВЕТ ЛИЦА КОИ НЕ ГО ПОЧИТУВАЛЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ВО ШТИП

/

Основното јавно обвинителство Штип до судот поднесе предлози за издавање казнени налози во висина од по 500 евра против девет лица кои не го почитувале полицискиот час. Обвинетите во одделни кривично правни настани за време на полицискиот час биле затекнати како недозволено се движат на различни локации.​–

Обвинителството со нив достави предлог до Основниот суд Штип на обвинетите да им биде изречена парична казна од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 евра во денарска противвредност, стои во соопштението од ОЈО. Сите се товарат дека го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.



Претходна статија

ССМ БАРА ЗАБОЛЕНИТЕ ОД КОВИД-19 И РАБОТНИЦИТЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА ДА ДОБИЈАТ ЦЕЛА ПЛАТА

Следна статија

СОВЕТНИЧКА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ: НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ОТВОРА ПОСТАПКА ЗА ШИЛЕГОВ

Најново од Вести