(Фото/Видео) Претставници на Фондација Македонија го исчистија споменикот на Гоце Делчев во Градски парк

/

Претставници на бугарската невладина организација Фондација Македонија денеска го исчистија споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк на Скопје. Волонтерите беа предводени од првиот човек на организацијата Виктор Стојанов.

„Акцијата е финансирана со наши лични средства. Гоце Делчев е наш заеднички национален херој и не заслужува неговиот убав споменик донација од Бугарија, чиј автор е Љубомир Далчев , брат на поетот Атанас Далчев, да биде во ваков несреден вид. Ние дојдовме за да ја завршиме работата на скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Голем број граѓани, што поминаа покрај нас, додека чистевме, ја поздравија нашата иницијатива. Голем поздрав до сите луѓе од двете страни на Осогово, Бугарија и Македонија можат да бидат едно општество во две држави“, изјави за нашиот портал Виктор Стојанов.

Еве како изгледаше споменикот пред да биде исчистен од волонтерите:

Еве како изгледа сега:



Потсетуваме дека во врска со неугледниот изглед на споменикот зборуваше и колумнистот на порталот „Трибуна“ Владимир Перев.

Претходна статија

Политичките партии потпишаа кодекс за фер и демократски избори

Следна статија

Новавакс побара одобрување од СЗО за нејзината вакцина против Ковид-19

Најново од Вести