Со пет награди македонските ученици се враќаат од Медитеранскиот СТЕМ натпревар во Атина
Со едно прво место, со награда за најдобро решение на понуден проблем, за најдобра соработка како тим, награда за најдобра прва автоматизација и за најдобра идеја и креативност, македонските ученици се враќаат од првиот Медитерански СТЕМ натпревар што денеска се одржа во Атина, а имаа задача да наоѓаат решенија за преживување на Марс, јави дописничката на МИА од Атина.

По неколкучасовниот натпревар, односно презентација на решенијата за конкретната дадена проблематика и оцените од судиите, попладнево беа прогласени најдобрите, а меѓу нив и сите пет наши тимови, со по една награда за секоја тим, пет награди, што донесоа радост, насмевки и задоволство и кај ученици, но и кај нивниот тренер-едукатор и кај македонската СТЕМ Академија.

Македонските ученици, на возраст од осум до 12 години, се натпреваруваа во две категории, поделени во пет тима, два во помала и три во поголема категорија и имаа различни задачи и предизвици, за кои со помош на роботиката со лего коцки, требаше да најдат решенија на задачи како што се изградба на метеоролошка станица, создавање енергија, но и садење храна на Марс.
Целиот напис прочитајте го на www.nezavisen.mk
