Утре во во бугарската воздухопловна база „Граф Игнатиево“ слетува првиот борбен авион Ф-16 блок 70
Првиот борбен авион ловец Ф-16, блок 70, треба да слета во Бугарија на 2 април според договорот што земјата го склучи со Локхид Мартин. Машината беше претставена во февруари на официјална церемонија во Јужна Каролина, јавува БГНЕС.
Се очекува ловецот да го прелета целото растојание до воздухопловната база „Граф Игнатиево“ со сопствена моќ, со полнење гориво во воздух. Воздухопловната база е подготвена да го прими, иако поправките таму се уште траат.
Официјалното претставување на новиот борбен авион ќе биде на 12 април.
