Зеленски: Најмалку 48 мртви, по руски напад врз село во близина на Харков
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 48 лица се убиени во руски напад врз село во близина на Харков.
Тоа го напиша на својот профил на „Телеграм“ бидејќи моментно не е во Украина поради патување.
Според него, руска ракета погодила продавница за храна во село во близина на Харков.
Покрај тоа, имало и нови напади со беспилотни летала на многу места во Украина.
Зеленски ова го нарече „брутално руско злосторство“.