|

Летните топлотни бранови би можеле да ги променат туристичките навики

Летниот топлотен бран и натпросечните високи температури низ јужна Европа би можеле да предизвикаат трајни промени во туристичките навики, бидејќи повеќе туристи би можеле да се одлучат за поладни дестинации или да одат на одмор во пролет или есен, предвидуваат туристичките организации и експерти.

Податоците на Европската комисија за патувања покажуваат дека бројот на луѓе кои планираат јунски одмор во Медитеранот веќе е намален за 10 отсто во споредба со минатата година, пренесува Ројтерс.

Значителен пораст на интересот бележат туристичките дестинации како Чешка, Данска, Ирска и Бугарија.

„Очекуваме дека непредвидливите временски услови во иднина ќе имаат поголемо влијание врз изборот на туристичка дестинација“, изјави Мигел Санз, првиот човек на ЕТЦ, пренесува Танјуг.

Извештајот на Комисијата, исто така, покажува дека моментално 7,6 отсто од патниците сметаат дека екстремните временски услови се главната грижа за организирање на патувања меѓу јуни и ноември.

Анита Елшој и нејзиниот сопруг, кои се вратија дома во Норвешка од нивното омилено место за одмор Вазанела, село северно од Рим, една недела порано од планираното, бидејќи температурите достигнаle околу 35 степени во последните денови.

„Имав главоболка, моите стапала и прсти беа отечени и ми се вртеше во главата“, рече Елшој за нејзините симптоми поврзани со топлината.

„Требаше да бидеме таму две недели, но не можевме да останеме поради жештините“.

Побарувачката за патувања повторно се зголеми ова лето бидејќи туристите ги оставаат зад себе долгогодишните пандемични ограничувања, а туристичките компании велат дека топлината сè уште не предизвикала многу откажувања на патувањата.

Британците резервираа помалку одмори дома и повеќе во Медитеранот, месеци однапред, бидејќи сè уште копнеат за бегство на плажа по заклучувањето, рече Шон Типтон од британската туристичка агенција „АБТА“.

Но, таа рамнотежа може да се смени како што топлотните бранови се влошуваат.

Научниците долго време предупредуваат дека климатските промени, предизвикани од емисиите на CO2 од согорувањето на фосилните горива, ќе ги направат временските настани почести, посериозни и посмртоносни.

Метеоролозите предвидуваат дека температурите во наредната недела би можеле да го надминат тековниот европски рекорд од 48,8 степени Целзиусови, поставен на Сицилија во август 2021 година, што ги зголемува стравувањата од повторување на смртните случаи од жештината минатата година.

Приказните за туристите кои биле превезувани со хеликоптер од италијанските плажи или амбулантни возила во близина на атинскиот Акропол ги преплавија европските медиуми во последните неколку недели.

„Нашето неодамнешно истражување укажува на пад на бројот на луѓе заинтересирани за патување во август, на врвот на сезоната, а повеќе Европејци размислуваат за есенско патување“, рече Санц.

Туристите во Рим изјавија за Ројтерс дека ќе размислат двапати за повторно резервирање на патување таму во јули, бидејќи се мачеле да пијат доволно вода, да останат свежи и да најдат климатизирани места за одмор.

„Би дошол кога е постудено. Само во јуни, април“, рече Далфна Нибур, американска туристка која летува со својот сопруг во Рим оваа недела, која рече дека жештините ја направиле нејзината посета „мизерна“.

Тоа е лоша вест за италијанската економија, која е во подем поради големиот летен сообраќај.

Италијанското Министерство за животна средина во овогодинешниот извештај предупреди дека странските туристи повеќе ќе патуваат во пролет и есен и ќе избираат поладни дестинации.

Билансот ќе биде негативен и затоа што дел од италијанските туристи ќе придонесат за прелевање на меѓународниот туризам во помалку жешките земји, се наведува во извештајот.

Во Шпанија се очекува голема побарувачка за одмор во крајбрежните дестинации на северот на земјата и на шпанските туристички острови, каде летните температури се обично пониски, се вели во извештајот на националната туристичка асоцијација „Exceltur“.

Шпанците Даниел Отеро и Ребека Васкез кои беа во посета на Билбао изјавија дека одморот би можеле да го преместа во јуни следната година, кога ќе биде посвежо и поудобено.

Слични Објави