| |

„Боемска Софија“ го претстави Пејо Јаворов во проектот „Човекот зад творецот“

Сите Бугари го познаваат и го сакаат Пејо Тотев Крачолов, познат повеќе како Јаворов, но секогаш можеме да научиме нешто помалку познато за големиот творец.

Виктор Топалов од „Боемска Софија“ синоќа во главниот град на Бугарија, говореше за „Човекот зад творецот: Пејо Јаворов“.

Пред самиот настан Топалов за радио Софија изјави дека неговиот говор ќе се потпира на сеќавањата на современиците. Ќе донесе и 10 изданија посветени на животот и творештвото на Јаворов, меѓу кои и „Јубилеен зборник“, објавен во 1938 година по повод 60 години од раѓањето на творецот, како и популарниот „Романот на Јаворов“ од Михаил Кремен.

„Ќе раскажам за Јаворов како ученик во Чирпан и во Пловдив, како стигнал до Софија, неговото работење како уметнички секретар во Народниот театар, неговото учество во македонското револуционерно движење, во литературниот круг „Мисла“, драматуршкото творештво, неговиот личен живот поврзан со Дора Габе, Мина Тодорова и Лора Каравелова“, додава Топалов.

Настанот е дел од проектот „Квартот на писателите“ создаден од Боемска Софија, а намерата на Топалов е „Човекот зад творецот“ да стане серијал и да се одржува секој втор понеделник во месецот.

Слични Објави