МВР ЌЕ ВРАБОТУВА 600 ПОЛИЦАЈЦИ
Министерството за внатрешни работи објави оглас за вработување на 600 полицајци. На огласот се бараат полицајци за секторите за внатрешни работи во Скопје, Струмица, Охрид, Битола, Тетово, Велес, Штип и Куманово како и за Регионалните центри за гранични работи – Север, Запад, Југ и Исток.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование; активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо; со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот; да има завршено најмалку четиригодишно средно образование; да е здравствено и психофизички способен и со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
