ГАЛИЧНИК ВО ЛЕТНИОТ ПЕРИОД ДОБИВА ПАТРОНАЖНА СЛУЖБА ОД ЛЕКАР И МЕДИЦИНСКА СЕСТРА
Галичник од 5 јули добива патронажна служба составена од лекар и медицинска сестра.
Министерството за здравство информира дека во наредните три месеца овој мобилен сервис ќе ротира секој петок во Галичник од Здравствен дом Ростуше, во периодот од 9 до 14 часот, во една од просториите во Вила Доста.
Досега жителите од Галичник за преглед се упатуваа во Гостивар и Маврово.
Извор: Макфакс
